Министерот Нурхан Изаири во посета на Дебар
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска престојуваше во посета на Дебар.
Заедно со градоначалникот Ружди Љата, министерот Изаири го означи почетокот на реализација на проектот „Доизградба на атмосферска канализација на град Дебар, крак улица „8-ми септември“-„Братство единство“.
- Ова е многу значаен проект за градот Дебар со чија реализација ќе се надминат досегашните проблеми на главната улица со атмосферските води.Станува збор за поставување атмосферска канализација во должина од околу 800 метри, проект вреден 80.000 евра, средства добиени од Министертвото за животна средина и просторно планирање, рече градоначалникот Љата.
Министерот Изаири најави поддршка и за други проекти во оваа општина.
- Среќен сум што сум тука во Дебар, еден од најубавите предели во земјава. Освен овој проект, Владата на Република Македонија,преку Министертвото за животна средина и просторно планирање предвидува поддршка и за неколку проекти, меѓу нив и проектот за изградба на Пречистителна станица на отпадни води, изјави Изаири.
Ново на Сител
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите