Македонија
9. March 2025 - 17:09

20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот

Л.П.(20) од Скопје вчера во 16.10 часот во СВР Скопје пријавил дека истиот ден, околу 15.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров по вербална расправа околу недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно машко лице, кое што потоа кон него замавнало со велосипед, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.