Министерот Николовски на отворање на „Агро Белград 2022“
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска присуствува на отворање на специјализиран саемско-конференциски настан посветен на овоштарството, лозарството и градинарството „Агро Белград 2022“.
На саемот има македонски штанд, финансиски поддржан од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопнатсво.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, третиот Меѓународен саем за овошје, зеленчук и лозарство „Агро Белград“, што ќе го отвори српскиот ресорен министер Бранислав Недимовиќ.
„Агро Белград“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 27 до 29 јануари и на него ќе се претстават 500 изложувачи од Србија и светот и пет делегации на високо ниво, а ќе бидат организирани и бројни стручни собири. Меѓу излагачите има и компании од Италија, Шпанија, Холандија, Швајцарија и Германија.
Во текот на трите дена од настанот, ќе се организираат стручни конференции и состаноци на кои, меѓу другото, ќе се разговара за стандардите во производството на овошје и зеленчук, иднината на производството на бобинки, транспорт на овошје и зеленчук во контејнери за ладење, револвинг фондовите за финансирање, прецизното наводнување, модернизација на винарството, производство и преработка на лековити и ароматични растенија во Србија.
За време на саемот ќе се организираат и средби на странски и српски купувачи со производители на овошје и зеленчук во свежа, замрзната и преработена состојба, а ќе бидат претставени и најсовремените технички достигнувања, каде што ќе може да се видат водечките светски брендови на трактори и механизација, системи за наводнување и противградни системи, беспилотни летала и друга современа опрема.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ