Министерот Незири ја посети „ОДВ Електрик“ во Охрид
Министерот за економија Беким Незири денеска беше во обиколка на технолошко-развојните зони во западниот дел на Македонија, при што оствари средба со менаџерскиот тим на компанијата „ОДВ Електрик“ која веќе има своја браун-филд производствена инвестиција во Охрид.
- Во технолошко-развојните зони во охридско-струшкиот регион и во Кичево веќе имаме две компании кои веќе се оперативни во браун-филд инвестиции, а истовремено се одвиваат активности за изградба на производствени капацитети во слободните економски зони. Целта на посетата е и да видиме како се одвиваат градежните зафати во зоните, а и на лице место да видиме како се одвива процесот на производство, истакна министерот Незири.
Во врска со германската компанија „ОДВ Електрик“, која е препознатлив бренд како во Германија така и во Европа и во светот, тој истакна дека активностите во градежниот дел се одвиваат согласно предвидената динамика, со очекување во мај месец идната година да започне со работа и капацитетот во охридско-струшката зона.
- Очекуваме во мај оваа бројка од стотина вработени веќе во мај да достигне 500, а понатаму во рок од две години бројот на вработени да се покачи на илјада. Меѓутоа, самото вработување не е единствениот позитивен ефект, оттаму што отварањето на нови производствени капацитети значи и развој на стопанството во целина, истакна Незири.
Незири забележа дека нема позначајни забелешки кај инвеститорите околу реализацијата на предвидените активности.
- Конкретно во зоната во Кичево бевме информирани дека има некои застои во приклучувањето на производствените капацитети во водоводната мрежа, на што веднаш реагиравме, така што веќе наредната седмица капацитетите ќе бидат приклучени кон водоводот. Ние постојано ќе бидеме во контакт со инвеститорите, со цел да им се излезе во пресрет на сите нивни барања, согласно склучените договори, истакна министерот Незири.
Изградбата на новата фабрика на „ОДВ Електрик“ почна во септември оваа година, во ТИРЗ Охрид-Струга. Објектот во кој ќе се произведуваат компоненти за автомобили ќе се простира на површина од околу десет илјади метри квадратни, со вкупна вредност на инвестиција од 15 милиони евра.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели