Македонија
20. October 2016 - 8:42

Министерот Јолевски во официјална посета на БиХ

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Во рамки на посетата, министерот Јолевски ќе оствари средба со министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Марина Пендеш. Воедно, министерот ќе се сретне и со претседавачот на Заедничката комисија за одбрана и безбедност на Парламентарното собрание на БиХ и со командантот на ЕУФОР, а ќе го посети и Тренинг-центарот за меѓународни операции (ПСОТЦ), соопшти Министерството за одбрана.

Јолевски ќе положи и венец со свежо цвеќе на споменикот на припадниците на АРМ кои загинаа во хеликоптерската несреќа враќајќи се од учество во мисијата АЛТЕА.