„Милиет“: САД градат база во Ирак, која ќе биде користена во операцијата за преземање на Мосул од ИД
САД почнаа да градат база во регионот на Башика, во северен Ирак, која ќе биде користена за операцијата за ослободување на Мосул од џихадистичката групација Исламска држава, пишува денеска турскиот весник „Милиет“.
Според информациите на весникот работите за изградба на базата се извршуваат во неспоредна близина на регион, во кој турските воени инструктори ги подготуваат локалните борци за борба против ИД.
Планирано е американските воени претставници да бидат распоредени во базата од 10 октомври, додава „Милиет“.
Весникот „Хабертурк“ вчера објави дека операцијата за ослободување на Мосул од ИД може да почне по 20 октомври Повикувајќи се на извор од турската Влада весникот соопшти дека Анкара ќе учествува во операцијата со пет илјади борци од курдските формации пешмерги, подготвени од нејзини инструктори во базата Башика во северен Ирак.
Ново на Сител
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка