Мицкоски: Со новите мерки на владата нема реални намалување на цените
При денешната посета на општина Аеродром на настанот „Твојата идеја за промени“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новите мерки на владата за намалување на цените на основните производи и дали има ефект и дали има реално намалување на цените истакна дека реално намачување нема, и повика што побргу законите да дојдат во собранието а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи за да може граѓаните пред празниците да ги почувствуваат тие намалувања и да нема политички надмудрувања и калкулации.
„Од тоа што јас го добивам како информација нема намалување на цените на основните производи очекувам конечно во парламент во процедура да пристигнат законите кои што повикавме да дојдат час поскоро и да ги поддржиме како што е на пример викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за да можат нешто од нешто да видат граѓаните и да почувствуваат од тоа кое што ние го побаравме како опозиција а после многу натегања владата делумно го прифати. Затоа еве барам инсистирам побргу да ги достават законите да ги поддржиме да поминат тие закони за да можат барем пред празниците сега да можат граѓаните нешто да почувствуваат да нема надмудрувања и политички калкулирања. еве ние веднаш ќе ги поддржиме да им бидат на брза трака“, нагласи Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации
-
Обвинение за четири лица за изведбата на фасадата на владата
-
Преглед на вестите од светот
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети