Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.
- Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите. Ценам дека е ова историски договор со историска најниска каматна стапка, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.
Нагласи дека за да добијат кредит компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ кој можат да го добијат е ограничен на 10 милиони евра.
- Тоа значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра. Сите компании ќе имаат можност да ги вложат овие средства во основни средства за работа, во обновливи извори на енергија, како и во објекти кои ќе ги користат како свои административни згради, односно за сопствена потреба, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марија Ристевска
-
Силниот ветер откорна дел од кровот на средно училиште во Штип
-
Ветер од над 100 километри на час во штипско и битолско
-
Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот
-
Вински саем во Белград
-
Продолжува амандмантската расправа за предлог-буџетот
-
Се крои новогодишната кошничка
-
СДСМ утре на конгрес ќе бира ново партиско раководство