Македонија
5. April 2019 - 14:57

Мицкоски: Сигурен сум во победата на овие претседателски избори

Денеска сме во Битола во рамките на предизборната кампања за претседателските избори ќе имаме голем народен митинг овде во Битола. Исто така сум во Пелагонискиот регион ќе имаме митинзи. Во Могила ќе има митинзи, во Новаци, во Демир Хисар така што практично денот ќе го поминеме денеска овде во Битола, Пелагонискиот крај и ќе поразговараме со граѓаните. И исто така претседателскиот кандидат, идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова ќе биде денеска овде во Битола и Пелагонискиот крај.

Посетата ја започнуваме овде од пазарот, каде што сакаме да поразговараме со луѓето што се во секојдневен контакт и во допир со Битолчани, да споделиме искуства, да ги слушнеме нивните искуства од тоа како денеска живеат луѓето, каква е потрошувачката помеѓу луѓето овде во Битола. И мислиме дека од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина истата таа навигација која што ќе ја добиеме од овие луѓе да ја искористиме и во рамките на креирање на нашите политики во подоцнежна фаза. Бидејќи јас сум сигурен во победата на овие претседателски избори и се надевам дека премиерот еднашка ќе остане на зборот и веднаш потоа ќе распише предвремени парламентарни избори.

Затоа сето она искуство и сета онаа навигација која што ќе ја добиеме од граѓаните во Битола и од Пелагонискиот крај, но и од овие луѓе кои што се овде на пазарите ќе бидат од огромно значење во креирање на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашање: Господине Мицкоски, Заев денес повика на позитивна кампања, кандидатите повеќе да зборуваат за концепти, а помалку за минатото. За минато кое вашиот кандидат за претседател не се ни оградил. Кој е вашиот коментар и има ли одговор?

Одговор: Човекот кој што најмалку има право да зборува за концепти е господинот Зоран Заев. Зошто го велам ова? Ова го велам затоа што сите оние концепти кои што ги слушнавме во минатото од овој политичар видовме дека во моментот кога ќе дојде до реализација на концепти кои што тој ги ветува, не само што нема реализација туку токму спротивното се случува. Човекот на кој што атрибут за однесување е лага зборува за концепти, помалце комично, но не е толку комично колку што е трагично. Ние водиме кампања во која што сакаме на граѓаните во Република Македонија да им ја преставиме реалната слика што се случува во Република Македонија. А, не онаа розевата која што владините мегафони во центарот на лаги и манипулации на СДСМ сака да ја долови пред граѓаните. И навистина тоа можеби на политичари од профилот на Заев им пречи бидејќи тие се навикнати само на комплименти, а не се навикнати на аргументирана критика. Така што оваа долга приказна на кратко за концепти ја говори човекот кој што најмалку има право да говори за концепти, ниту има кредибилитет личен, ниту пак има личен легиминитет да зборува за концепти. Бидејќи тоа он што го прави е комплетен антипод на еден концепт кој што е неопходен за нормален и пристоен живот на граѓаните на Република Македонија.

Прашање: Како вие го оценувате стартот за изборната кампања?

Одговор: Па гледате дека стартот на изборната кампања изобилува со голема злоупотреба на државен ресурс на државен апарат сведоци сме на притисоци во јавната и во локалната администрација, од страна на претпоставените врз вработените се разбира никој не се осмелува тоа да го каже и посведочи пред камера бидејќи следат веднаш потоа консеквенции бидејќи веднаш после претседателските избори оваа локална и оваа централна власт уште некое време ќе бидат власт и луѓето стравуваат практично за сопствената иднина понатаму и затоа многу тешко се одлучуваат да излезат пред камера и тоа што нас ни го посочуваат да го посведочат. Гледате злоупотреба на средства од буџетот, исплати и т.н. но во ред сето тоа е во ред сето она коешто значи исплата и што значи подобри услови за живот на граѓаните во Република Македонија нека го прават и сега еве кога не стигнаа пред да започне оваа кампања нека го направат и сега.

Ние сме подготвени и со сите тие услови повторно да ги победиме и сега и на предвремените парламентарни избори бидејќи за нас приоритет е да луѓето живеат подобро да ги решаваат реалните нивни егзистенцијални проблеми па макар тоа значело и злоупотреба на државни ресурси макар тоа значело злоупотреба на државниот буџет за исплата еве како што сега тоа се случи со лозарите во Тиквешијата бидејќи чекаа да отпочне кампањата па тоа да се случи, но во ред повторно ќе кажам ние тоа го охрабруваме нека се охрабри Зоран Заев и оној негов послушник Министер за земјоделие и наместо да купува скапи патики во Дубаи и по некое ексклузивно парче гардероба од патувањата службени кои што ги реализира еве барем се осмели и тоа што го вети иако со задоцнување од три месеци и после голем број на прозивки од моја страна од страна на ВМРО ДПМНЕ конечно во рамките во центарот во епицентарот на изборната кампања тоа го реализира. Но во ред барем за тие луѓе тоа ќе значи подобар живот и ние ги охрабруваме и понатаму нека продолжат нека го прават тоа па макар било и злоупотреба на централниот буџет и на ресурсите со кои што располагаат и вака и така граѓаните не треба да се потценуваат тоа што они го направија, граѓаните немаат кратко помнење и граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им го испорачаат цехот за сето она и за сите оние неправди кои што ги направија изминатите речиси две години.

Ви благодарам на вниманието

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ