Македонија
6. јуни 2023 - 17:04

Мицкоски на средба со ММФ: Македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска и членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Маја Кадиевска Војновиќ и Трајко Славевски денеска имаа средба со Жак Миниан, шеф на мисијата на ММФ за Северна Македонија и Стефани Ебле, регионален претставник за Западен Балкан.

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, било потенцирано дека Северна Македонија има тешка економска состојба, растечка корупција и отсуство на реформи за подобар живот.

-Ковачевски ниту има тим, ниту концепт како, и наместо напредок, Македонија со години стагнира, и инфлацијата во изминатите години беше една од највисоките во Европа, истакнал на средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потенцирал дека македонската економија треба да се отвори за инвестиции и соработка со релевантните меѓународни институции.