Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат со акција „Пратениците со народот“, ќе посетат 500 села
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од утре, 8-ми мај до 30-ти мај почнува со акција под мотото – „Пратениците со народот“ за време на која ќе посетат 500-тини села низ цела Република Македонија.
Целта на акцијата е да допреме до секој еден граѓанин во Република Македонија, дури и до тој во најоддалеченото место и ќе биде посетен. Граѓаните бараат и заслужуваат нивниот глас да биде слушнат, предолго време се заборавени, државата наместо за нив, работи за мафијата. Власта е во трка по провизии и местење на тендери, а народот едвај врзува крај со крај.
- 60.000 луѓе останаа без работа само во последната година.
- 6.200 фирми ставија клуч на врата.
- Половина милион луѓе живеат со две евра на ден.
- Државата должи над 6.5 милијарди евра, со што секој еден граѓанин е задолжен по 3.263 евра.
- Вакцини се чекаа пет месеци.
- Над 5.000 наши сограѓани го загубија животот, а поголем дел од нив и заради неспособноста на власта, но и заради немање на вакцини.
- Над 150.000 луѓе се заразија, поминаа низ тешки последици, дел од нив се лекуваа и во приватни клиники, а платија и над 10.000 евра, често се позајмуваа, а земаа и кредити.
- Идентитетот и јазикот се на напад, а власта молчи.
- Тутунарите го предадоа својот тутун по цена за килограм колку една кутија цигари, само затоа што се на раб на егзистенција.
- 214 светски криминалци, нарко босови на познати кланови и терористи добивале македонски пасоши од МВР. Нарушен е угледот на државата, погребан е правниот систем.
И да не набројуваме уште, состојбата е алармантна. Народот е при крај со трпение, а пари одамна нема. Секој ден е ден и борба за опстанок. Заев не понуди ништо, Заев им зема се на луѓето. Буџетот е претворен во алатка за богатење преку тендери за фирми блиски до власта или фирми на роднини на функционери.
Излегуваме и ќе ја поминеме цела Македонија, бараме поддршка од секој еден граѓанин, заедно и сплотени да го промениме црнилото. Да свртиме нов лист и да донесеме нова надеж, дека може и мора подобро.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина