Ракомет
14. May 2017 - 14:58

Металург поуспешен од Пелистер

Последниот натпревар од 7.коло од ракометниот плеј оф на Македонија одигран денеска во Скопје заврши со победа на Металург над Пелистер со 31:25 (15:11). Ова за Металург е шеста победа и остана на второто место на табелата зад Вардар.
Овој дуел беше тренерско деби за Стевче Алушевски, кој за првпат седеше на клупата на Пелистер.
На вчера одиграните дуели: Вардар го совлада Еурофарм Работник со убедливи 37:19, а Охрид победи на гости во Велес кај Борец со 33:27.
Табела: Вердар 18 бодови, Металург 18, Охрид 12, Еурофарм Работник 9, Пелистер 6, Борец 0.