Свет
8. October 2015 - 12:48

Меј: Да се забрза депортацијата на економски мигранти

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј денедка изјави дека Европската унија мора да ја забрза депортацијата на економските мигранти и да се „справи“ со луѓето кои го кршат азилантскиот систем.

Таа, по пристигнувањето во Луксембург, каде се одржува дводневниот состанок на министрите за внатрешни работи на 28. земји-членки на ЕУ за мигрантската криза, истакна дека наместо да расправаат за преселување на бегалците низ Унијата треба да разговараат за враќање на „економските мигранти“ во земјите од каде потекнуваат.

- Мора да обезбедиме прекин на врската меѓу луѓето кои тргнуваат на опасниот пат кон Европа и тие кои можат да останат во Европа. Велика Британија има добри резултати во таа област и сака да види напредок и во Европа. Попдготвени сме тоа да го поддржиме, посочи Меј.