Меѓународна научна конференција „Минатото на јазичниот свет - денес и утре“
„Минатото на јазичниот свет – денес и утре“ е насловена втората меѓународна научна конференција која денеска и утре ја организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во рамки на Отворените денови кои се одржуваат од 13-ти до 17 ноември.
На конференцијата се најавени 68 учесници, 33 повеќе од првата меѓународна конференција минатата година. Покрај од Македонија, ќе учествуваат лингвисти од седум земји: Босна и Херцеговина, Косово, Полска, Русија, Словенија, Србија и Хрватска.
- Бројот од седумдесетина научни работници, еминентни професори, ветува богата програма и нови научни сознанија од македонистиката, славистиката и воопшто од лингвистиката, изјави Лидија Тантуровска, претседателка на Организацискиот одбор на конференцијата.
Во три паралелни сесии во двата дена од конференцијата учесниците ќе дискутираат на разновидни теми од граматика, лексикологија, фразеологија, историја, дијалектологија, социолингвистика на македонскиот јазик во споредба со други словенски и несловенски јазици.
На отворањето на конференцијата денеска ќе биде промовиран и Хрватско-македонски речник. Покрај работен дел, за учесниците ќе има и факултативна посета на Маврово.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување