-->
-->
„Медена земја” прикажан во кино салите во Крива Паланка и Кратово
-->
Годинашниот македонски кандидат за најпрестижната филмска награда „Оскар”, документарецот „Медена земја” вечерва беше прикажан во кино-салите во Крива Паланка и Кратово.
Најнаградуваниот македонски документарец, што со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс“, „Медена земја“ (Honeyland), и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, вечерва во деветнаесет часот беше проектиран пред Кривопаланечката публика, додека прикажувањето за љубителите на филмската уметност од Кратово беше во дваесет часот, во Мултимедијалниот центар.
Филмот е атрактивна приказна за правилото за баланс со природата по кое се води главната хероина, Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Филмот на режисерите Љубо Стефанов и Тамара Котевска ја носи пораката:„Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари