-->
-->
Ме влечеше за ранец и ме удри со боксирач, едвај спасив жива глава - претепано дете на автобуска постројка во Скопје
-->
На фан страната на Сител ни испрати порака загрижен родител чие дете беше претепано на автобуската станица кај Веро Џамбо.
Како што наведува родителот кристејќи ја ситуацијата со затворањето на центарот на градот, каде во вечерните часови не сообраќаат автобуси , разбојничка група од 5-6 мина дејствува на автобуските постојки кај Југо Дрво и Џамбо.
Последниот во низата напади се случил вечерва нешто по 18 часот, кога тројца непознати во два одделни настани нападнале средношколци, удирајќи ги со "боксирачи"
- Чекајќи автобус, две лица ми пријдоа и ме прашаа дали ги познавам. Одговорив, не, и се оддалечив од нив. Во тој момент едниот ме повчече за ранецот, а другиот ме удри со боксирач. Успеав да се оттргнам и да бегам околу двајца повозрасни луѓе.
Среќа, во тој момент дојде автобус, во кој се качив и побегнав", ни изјави момче кое беше жртва на овие хулигани
Како што дознаваме, ова и не е единствениот ваков случај деновиве.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Oхрид атрактивен за туристите
-
Во Прилеп пред празниците се одржува Новогодишниот базар
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ