МД „Илинден“ распиша конкурс за дизајн на лого по повод 10-годишниот јубилеј
Македонско друштво „Илинден“ со седиште во Тирана распиша конкурс за дизајн на лого по повод 10-годишнината од неговото формирање.
Според претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај логото треба да ги одразува досегашните активности на друштвото.
- Логото ќе се користи во текот на 2017-2018 година. Предложеното лого треба да биде изработено компјутерски во висока резолуција, да има концизно објаснување на предлог- дизајнот и основни податоци за дизајнерот, додава Ѓурѓај.
На натпреварот можат да учествуваат средношколци, студенти и млади уметници, делата мора да бидат оригинални, необјавени, а авторот ќе биде одговорен пред Законот за автентичност, а ќе бидат прифатени само индивидуални учесници.
Авторот на предлог-логото може да биде од земјата и од странство, а предлозите треба да се достават на е-пошта: drustvo.ilinden.tirana@live.
Предлозите ќе бидат објавен на 31 декември 2016 година, по што ќе има едномесечно гласање од страна на членовите на Друштвото, поддржувачите и други заинтересирани лица.
Во условите за учество на конкурсот е наведено дека победникот ќе биде избран од страна на комисијата и од гласањето на социјалните мрежи.
Првонаградениот ќе добие 100 евра и благодарница „Илинден“, додека второ и трето пласираниот ќе добијат благодарница „Илинден“ и сувенири.
По завршувањето, победникот на конкурсот мора да даде изјава за откажување од правото на користење на лого, по што логото станува сопственост на Македонско друштво „Илинден“ -Тирана.
Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повикува сите заинтересирани да достават свои предлози.
Ново на Сител
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија
-
Преспанскиот договор - Секојдневна тема во Атина
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Уставен Суд ќе бира нов претседател, Кацарска без право на реизбор
-
Поројниот дожд направи штети, ЦУК апелира на внимателност
-
Недостигаат најмалку двајца инспектори за контрола во водниот сообраќај
-
Повторно доцни сеидбата на ориз во атарите на селата на Општина Чешиново-Облешево