Мато Наполетано помеѓу најдобрите 50 пицерии во Европа, Скопје на гастрономска мапа на Европа
Вчеравечер на свечен настан во Театарот Сан Бабила во Милано беа доделени годишните награди за 50 најдобри пицерии во Европа.
За прв пат во историјата, еден македонски угостителски објект се најде помеѓу добитниците.
Траторијата Мато Наполетано од Скопје која гурманите во регионот веќе ја знаат беше препознаена и од строгите меѓународни инспектори на топ 50 и се најде помеѓу европската елита.
Признанието го примија идејните творци позади брендот Мато Наполетано, Зоран Васиљевиќ и Дане Кузмановски.
“Вистинско мерило за нашиот успех е задоволството на нашите гости, но и препознавање на високите стандади од експертите во оваа индустрија ни годи. Сега Скопје е на европската гастрономска мапа и тоа е наш допринос за градот во кој живееме”искоментира кратко во изјава по доделувањето.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек