Масовни протести во Франција
Во Франција за денеска се најавени масовни протести поради предложениот закон за труд и се очекува железничкиот и авио сообраќајот да бидат нарушени.
Во Париз се очекува да има повеќе од 50.000 демонстранти, а трасата од 5,5 километри, која е предвидена за протестниот марш, е подолга од претходните собири.
Низ улиците ќе бидат распоредени голем број полицајци, а упатен е апел до синдикалните организации и демонстрантите да покажат одговорност.
Француската Национална железница најави за денеска прекин на некои линии, како и метрото во Париз, додека авиопревозникот „Ер Франс“, чии пилоти исто така го продолжија штрајкот, планира да обезбеди 80 отсто од летовите.
Генералниот секретар на најголемиот синдикат ЦГТ, Филип Мартине тврди дека денешните протести ќе бидат најмасовни во изминатите неколку месеци.
Демонстрантите протестираат поради предложените реформи во законот за труд, со кои се предвидува полесно отпуштање на вработените и подолга работна недела.
Ново на Сител
-
Приведени 7 полициски службеници
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот