ДПА: ЕУ денеска го објавува планот за спротивставување на Русија
Се очекува денеска Европската комисија да претстави пред земјите-членки на ЕУ конкретен план за тоа како, според неа, треба да се одговори на актуелните закани од Русија и други агресивни актери, според нацрт-документ во кој увид имала германската агенција ДПА.
Во нацртот-т. н. Бела книга за иднината на европската одбрана, Комисијата нагласува седум приоритетни области во кои е неопходно да се надминат празнините во воените капацитети.
Тие вклучуваат противвоздушна и противракетна одбрана, системи за беспилотни летала и електронско војување.
Документот потенцира дека Европа мора да биде подготвена за војна доколку сака да ја избегне.
Во него се наведува дека Русија неповратно се движи кон економија ориентирана кон воени цели, продолжувајќи ја војната со Украина, додека истовремено се подготвува за идни конфликти со европските демократии.
Европската комисија веќе најави дека ќе собере 800 милијарди евра за проекти за обновување на вооружувањето, што вклучува нов фонд од 150 милијарди евра и привремено изземање на одредени инвестиции во одбраната од строгите фискални ограничувања на Унијата.
Во нацртот исто така се предупредува на зависноста од САД, иако не толку директно како што тоа го предвидуваа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи Каја Калас и еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус.
Експлицитните делови за САД, кои биле дел од претходната верзија на документот, нема да бидат вклучени во финалната верзија по интервенција на некои членови на Комисијата, дознава ДПА.
Во првичниот нацрт се предупредувало дека САД потенцијално би можеле да ја ограничат или целосно да ја укинат достапноста на клучни компоненти за воени операции.
Според нацртот, единствениот начин за надминување на оваа зависност е заедничко европско развивање на неопходните воени способности преку заеднички одбранбени проекти.
Ново на Сител
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“
-
Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
-
Приведен 64-годишен маж од Пробиштип, возел под дејство на алкохол и удрил во дрво
-
Марта Кос на дебата со членовите на АФЕТ, меѓу темите и проширувањето на ЕУ
-
Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме
-
МЗТ Скопје Аеродром ја одбрани титулата
-
Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието
-
Средба на Јаневска со студенти и професори од кампусот на Државниот дуален универзитет Баден – Виртемберг во Манхајм