Маск понуди да ги купи сите акции на Твитер
Милијардерот и сопственик на компанијата за производство на електрични автомобили Тесла, Илон Маск достави понуда за купување на сите акции на Твитер. Тој нуди 41,39 милијарди долари за 100 проценти акции на социјалната мрежа.
– Твитер треба да се трансформира во приватна компанија. Како резултат на тоа, сакам да купам сто проценти од акциите на Твитер за 54,20 долари по акција во готовина … Мојата понуда е најдобра и тоа е последна понуда, а доколку не биде прифатена, ќе треба да ја преиспитам мојата позиција како акционер, изјави Маск.
Тој како финансиски советник ја ангажира банката Морган Стенли.
Маск на 1 април стана сопственик на околу девет отсто од акциите на Твитер.
– Инвестирав во Твитер бидејќи верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слобода на говор ширум светот. Верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционална демократија, напиша Маск во писмото до претседателот на Твитер, Брет Тејлор.
Акциите на Твитер денеска забележаа раст од 11 проценти.
Ново на Сител
-
Министерот за внатрешни е против Закон за амнестија
-
Меџити жали што доцни тендерот за дијабетичарите
-
Стопанската комора бара преиспитување на мерката за замрзнати цени на пијалоците
-
ВМРО-ДПМНЕ: Неквалитетно млеко со дозвола на АХВ на пазарот
-
СДСМ: Мерката гарантирана цена во интерес на граѓаните
-
Има ли начин да се спречат штетите што мечките во Маврово ги предизвикуваат?
-
Спасовски во центарот за обука во Идризово
-
Следната сабота Национален саем на традиционална храна