Свет
7. December 2021 - 10:57

Масакр во Најроби: Полицаец убил шест лица меѓу кои и сопствената сопруга па се самоубил

Кениски полицаец денеска уби шест лица во главниот град Најроби, а потоа се самоуби, соопшти локалната полиција.

Полицаецот прво ја застрелал својата сопруга во нивната куќа пред да излезе надвор и со службено оружје АК-47 убил уште пет лица, се вели во извештајот на полицијата, без да се наведе што го предизвикало ова насилно однесување.

– Полицаецот уби пет лица, меѓу кои двајца мотоциклисти, соопшти полицијата.

Френсис Вахоме, службеник задолжен за областа Дагорети во Најроби, го потврди инцидентот и бројот на загинатите, но не наведе други детали. Гневни жители во близина на местото на крвавиот напад подоцна запалија гуми на патот во знак на протест против насилството.

Ова не е единствениот случај. Во инцидент во 2010 година, полицаец уби 10 луѓе, меѓу кои и двајца колеги, во градот Сиакаго, 120 километри североисточно од Најроби.