Маричиќ во Брисел ќе го отвори билатералниот скрининг состанок за Поглавје 24
– Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Брисел ќе го отвори тридневниот билатерален скрининг за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“.
Како што соопшти СЕП, на состанокот, на кој ќе присуствува и државната секретарка на Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, членовите на Работната група ќе ја презентираат позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на Северна Македонија пред претставниците на релевантните генерални директорати на Европската комисија во однос на acquis на ЕУ поврзани со миграцијата, азилот, судска соработка во граѓански прашања, соработка во областа на борбата против дрогата, соработка во областите на царината, визната политика, полициската соработка и борбата против организираниот криминал, соработката меѓу единиците за финансиско разузнавање, организираниот криминал, судската соработка во кривичната материја, борбата против тероризам, Шенген, фалсификување и надворешни граници.
Македонскиот преговарачки тим е составен од претставниците на Работната група за Поглавје 24, „Правда, слобода и безбедност“ кои доаѓаат од Кабинетот на вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за одбрана, Министерство за надворешни работи, Министерство за здравство, Јавно обвинителство, Народна банка, Управа за финансиско разузнавање и од Секретаријат за европски прашања.
Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за внатрешни работи, а работната група е предводена од Координаторот на Поглавјето 24, началничката на секторот за преговори и евроинтеграција при МВР, Светлана Влаховиќ Димановска.
-Презентациите од страна на македонскиот тим за Поглавјето 24, во рамки на Кластер 1, „Фундаментални вредности“, ќе траат до 24-ти ноември и ќе дадат солидна основа за подготовка на скрининг-извештајот што Европската Комисија ќе го подготви и ќе го испрати до Советот на ЕУ на понатамошна постапка, од кој ќе зависи и динамика на преговорите во ова поглавје, стои во соопштението од СЕП.
Ново на Сител
-
Галичник недостапен за новогодишните празници, снегот од патот неисчистен
-
Пандев спортски директор на националните селекции, Најдоски и Ибраими советници на Омерагиќ
-
Десетици илјади на протести во Белград и во Ниш
-
Без струја утре делови од Аеродром, Сарај и Кисела Вода
-
Традицијата продолжува, блесна новогодишната елка под вода
-
Заплена и апсење за пиротехника
-
Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург
-
По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро