Македонија
22. December 2024 - 16:44

Заплена и апсење за пиротехника

Пред празниците расте бројот на акции за справување со дилерите на пиротехника.

Во претрес во во дом на малолетник од Битола биле пронајдени 3.000 парчиња, а во домовите на двајца прилепчани на 26 и 36 годишна возраст уште 2.000 петарди. 

По докуменирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираа од МВР. Вчера имаше акција во тетовско Селце каде беа запленети дури 75.000 парчиња пиротехника.