Маричиќ-Дробњак: Преговорите се отворени, почнува процес кој бара активност и одговорност
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со експертот Владимир Дробњак, поранешен хрватски преговарач, денеска одржаа два координативни состанока со министрите задолжени за кластерите и Работната комисија за евроинтеграции со државните секретари на институциите.
Како што информира Кабинетот на вицепремиерот, Маричиќ на состанокот истакна дека искуството и знаењето кое го има поранешниот хрватски преговарач Дробњак ќе биде од корист и ќе ни помогне полесно да ги надминеме предизвиците со кои ќе се соочиме во текот на преговорите.
– За секоја земја добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ е голем политички предизвик, но вистинската работа и задачите започнува по отворањето на преговорите, рече Дробњак, додавајќи дека е невозможно да се процени колку ќе трае преговарачкиот процес за Северна Македонија.
Вицепремиерот Маричиќ посочи дека почнуваме сложен процес на промени, во кој ќе ни е потребна сериозна посветеност за исполнување на целта, истакнувајќи дека експертизата на Дробњак несомнено ќе придонесе во овој клучен момент, кога се подготвуваме за најважната и најтешка фаза од евроинтеграцискиот процес, а тоа се преговорите.
Дробњак пред македонските министри и државни секретари низ дискусија ги посочи предизвиците со кои Северна Македонија може да се соочи, земајќи ги предвид искуствата на Хрватска во овој дел.
– Преговорите се отворени и мора да го трчате овој маратон одговорно, рече Дробњак, додавајќи дека имаме предности во однос на другите земји компаративно и дека Северна Македонија може да смета на поддршката од Хрватска и понатаму во целокупниот процес.
Вицепремиерот Маричиќ и Дробњак, како што се наведува, се согласија дека влегуваме во нова димензија на евроинтеграциите и дека ова ќе биде комплексен процес, во кој мора да бидеме активни и да работиме на реформите.
Искуството на Хрватска во процесот на пристапување, новата методологија и преговарачка рамка и процедурите за преговори, Дробњак ќе го претстави и пред раководната структура на Секретаријатот за европски прашања.
Ново на Сител
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар