Малолетник предизвика сообраќајка кај Гостивар, повредени пет лица
Едно лице е потешко повредено, а уште четири се задобили со телесни повреди, кога утрово се судриле автомобил и комби на еден од излезите на Гостивар.
Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила утрово во 6:15 часот на регионалниот патен правец Гостивар-Градец на надвозникот при што се судриле „фолксваген-венто“ и „форд-транзит“. Возачот на вентото, 16-годишник од Гостивар кој управувал без дозвола изгубил контрола и налетал на комбето. Покрај двајцата возачи, повредени се и тројца сопатници, сопатничка во вентото и двајца од комбето, од кој еден се задобил со скршеница на рака. Повредените се пренесени во гостиварската болница, а Ќ.И (32) заради карактерот на повредите е пренесен на скопските клиники.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Тетово по овластување на јавен обвинител.
Од СВР Тетово, предупредуваат на зачестената појава да се управува моторно возило без возачка дозвола. Во полошкиот регион од почетокот на годинава, регистрирани се над 2.500 вакви прекршоци.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ