Малолетници од Неготино извршиле обљуба, 19-годишник уценувал малолетничка со видео материјалот
Малолетници извршиле обљуба врз малолетничка, а трет снимал. Деветнаесетгодишник ја уценувал со видео материјалот, а случајот е пријавен во неготинската полиција.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска информираше дека синоќа во 21:00 часот во ОВР Неготино, 41-годишна жена од неготинско село пријавила дека на почетокот на мај во Неготино, двајца малолетници од неготинско извршиле обљуба врз нејзината малолетна внука. Чинот го снимал трет малолетник од Неготино, по што К.П.(19) од неготинско ја уценувал со снимениот видео материјал.
-Во 23:30 часот, К.П. бил лишен од слобода и од него бил одземен мобилен телефон. Мобилни телефони биле одземени и од тројцата малолетници, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Ѓаковска.
Ново на Сител
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма
-
Давкова: Младите на доброволна основа да може да отслужуваат воен рок
-
Искршени детски игралишта, се бараат сторителите
-
Пожарот во Неготино се уште активен