Македонија
16. May 2024 - 17:52

Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, соопшти МВР.

На 01.04.2024 во основно училиште во Тетово, пријавените фрлиле во височина друг малолетник, кој при падот се здобил со тешки телесни повреди.