Македонија
19. јуни 2024 - 16:38

Лимани и Камбовски не одговорија дали треба да се распушти Судскиот Совет

Н: ПАДНАА ПОТПИСИ: ЛИМАНИ И КАМБОВСКИ ДАДОА СВЕЧЕНИ ИЗЈАВИ ПРЕД СОБРАНИСКИОТ СПИКЕР

Паднаа потписи. Врховниот судија Лимани и  апелациониот судија Камбовски дадоа свечени изјави пред собранискиот спикер, со што го компелтираа составот на Судскиот совет. Пред медиумите порачаа никој да не се меша во судската власт.

Лимани кој на 6. јуни доби поддршка од седум негови колеги од Врховниот суд, и Камбовски кој со 28 гласа успеа да добие столче во Советот, одбија да одговорат на прашањето за планот  на Мицкоски за распуштање на Судскиот совет.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште во предизборната кампања најави дека ако партијата со која раководи дојде на власт, ќе следи распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

Екс министерот за правда жестоко реагираше на оваа најава, по што последно испрати и писма до меѓународната заедница, во кои се навдедува дека дека распуштањето на советите би значело директно мешање на извршната во судската власт. Во меѓувреме, Правда ги стокми и предлозите за законски измени на законот за Судски совет, чија цел е зголемување на транспарентноста на членовите, како и негово оградување од политички влијанија.  

Мандатот на Камбовски и Лимани трае шест години, со право на реизбор дури во 2036-та.