Малолетничка се препила, другарот и го претепале во бар во Тетово
Вчера во 11.00 часот во ПС-Тетово дошол М.А.(1981) од с.Беловиште- Тетово и пријавил дека истиот ден околу 00,10 часот со негова 17 годишна другарка од Гостивар, седеле во Тетово на ул.„Борис Кидриќ“ каде консумирале алкохол, од што на другарката и се слошило и отишла во тоалет кој се наоѓал во угостителски објект во непосредна близина.
Бидејќи истата подолго се задржала, М.А. отишoл да види што се случува, при што зесега непознато лице му рекло да излезе надвор ако не сака проблеми.
Оштетениот излегол надвор, а по околу 5 минути пробал пак да влезе во објектот со цел да ја викне другарката, но бил спречен од страна на 10тина лица, кои без повод и причина почнале да го удираат со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото, нанесувајќи му видливи повреди во пределот на левото око во вид на црвенило.
Се превземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителите.
Ново на Сител
-
Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира