Малолетна тетовчанка е мајка на бебето оставено пред домот во Битола
Мајката на бебето кое беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола била од Тетово, потврдуваат за „Слободен печат“ од полицијата во Битола. Таа е малолетна и за неколку месеци ќе наполни 18 години. Откако истрагата се прошири во другите градови полицијата откри дека бебето било родено во тетовска болница.
Првата трага за тоа на истрагата им беше штипката од папочната врца како и алката што бебето ја имало по породувањето
- Мајката за неколку месеци ќе направи 18 години , таа е од Тетово и целата работа околу овој случај ја презема Центарот за социјални работи Битола во соработка со Центарот во Тетово, потврдија од СВР-Битола за „Слободен печат“.
Во неделата ноќта бебе старо само неколку дена од две машки лица беше оставено во раце на битолчанец да го предаде во Домот за доенчиња во Битола. Тоа е згрижено и се наога во добра општиа состојба. Полицијата неколку дена трагаше по идентитетот на мајката. Зошто бебето е напуштено и тоа на ваков начин допрва ќе утврди истрагата, во меѓувреме полицијата најавува пријава против мајката и другите инволвирани лица за овој случај.
Ново на Сител
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност