Живот
24. December 2018 - 11:33

Малата хероина: Мајката испила лек и се срушила на под, а ќерката ја покрила со ќебе да не и биде ладно, па направила нешто неверојатно

Јасмин Поунсбер (24) испила таблета против болки бидејќи имала инфекција на увото. Меѓутоа, бурно и  реагирал на лекот, па паднала и ја удрила главата во ѕид. 
 
Јасмин во тој момент била дома со својата ќерка Есма (2). Лежела во несвест, а девојчето го земало мобилниот телефон во раце, го отклучило и побарало помош.
 
Ја пронашла во именикот најдобрата пријателка на нејзината мајка Џес Десент (23), девојчето кажало дека мама спие на под и дека силно ја удрила главата. 
 
Џес веднаш повикала помош и разговарала со девојчето седум минути и мирно и зборувала да ја почува мајка си додека таа не повика помош. Исто така и објаснила дека покрај тоа што не се отвара врата на непознати, овој пат дека тоа може да го направи бидејќи тие луѓе ќе и помогнат на мама да биде подобро. 
 
Додека Џес викала помош, девојчето со ќебе ја покрило својата мајка да не и биде ладно. 
 
- Таа е мојот мал јунак. Се уште не можам да верувам дека толку добро се снајде, рекла мајката.