Македонските фудбалери денеска против Украина во битка за осминафинале на ЕУРО2020
Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 15 часот против Украина на Националната арена во Букурешт го игра вториот натпревар од групата Ц на ЕУРО2020.
Македонскиот селектор на Игор Ангеловски на вчерашната официјална прес – конференција истакна дека неговите избраници ги очекува најважниот натпревар во кариерата.
– Дојдовме на ЕУРО со цел да се пласираме во втората фаза и таа фаза за нас е активна. Имаме пред нас ривал кој исто така има нула бодови, што значи дека ова за нас е финале. И да не успееме нема да биде трагедија, а нормално дека ќе дадеме се од себе. Украинците се квалитетни, тоа го покажаа и против Холандија. Имаат одлични индивидуалци, но и ние имаме квалитет и покажавме дека можеме да се носиме со сите, изјави Ангеловски.
Без калкулации во натпреварот ќе влезат и Украинците, кои како и македонските фудбалери, беа поразени во првиот натпревар на Европското првенство.
Избраниците на Ангеловски по вчерашниот попладневен завршен тренинг спроти дуелот со Украина беа специјални гости на концертот што во Букурешт го одржа македонскиот пијанист со светско реноме, маестро Симон Трпчески.
Ново на Сител
-
Позитивни финансиски резултати на Алкалоид
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина