Живот
15. May 2017 - 10:04

Невиден хаос на македонска свадба - Cватот предизвикал тепачка бидејќи ги фаќал жените на веселбата

 
Сватот го расипа најсреќниот ден во животот на Метју Карионе и Ребека Бечваровска во Сиднеј, откако предизвикал тепачка бидејќи ги фаќал жените на веселбата.
 
Иако свадбата почнала весело, и сите ја славеле љубовта на младоженецот и невестата, настанал пресврт околу 10 часот кога еден од сватовите почнал да ги фаќа сите жени за задниците, па дури и сопругата на кумот. Oд обезбедувањето на објектот изјавија дека наеднаш виделе како неколкумина од гостите бркаат еден човек, а потоа го удирале со тупаници, боксови и клоци.
 
- „Го фатија и почнаа да го тепаат со боксови и со клоци. Едвај успеав да ги раздвојам“, вели еден од обезбедувачите на свадбата за немилиот настан.
 
Еден 43-годишен гостин се обидел да ја спречи тепачката па завршил со скршен нос. Кумот кој го нападнал сватот завршил во полициска станица откако се искарал и со полицијата, која го привела за агресивно однесување.
 
Сепак, Зорица, мајката на младоженецот вели дека инцидентот не му ја расипал среќата на парот. Тие по свадбата се спакувале и отишле на меден месец, за да ја слават љубовта.