Македонија и ОАЕ ќе ја интензивираат трговската соработка и туризмот
Постојат можности за интензивирање на трговската соработка и на туризмот меѓу Македонија и Обединетите Арапски Емирати, оцениле денеска во Дубаи македонскиот министер за економија Крешник Бектеши и министерот за економија на ОАЕ, Султан бин Саед Ал Мансури.
На средбата што се реализира на маргините на 8. издание на Годишниот инвестициски самит во Дубаи, двајцата министри ја потенцирале потребата од потпишување на меморандум за соработка во областа на туризмот, имајќи предвид дека Македонија има листа на дестинации кои би биле атрактивни за туристите од ОАЕ.
Двајцата министри предложиле и потпишување на договор за заштита на инвестициите меѓу двете земји, а министерот Бектеши го поканил неговиот колега од ОАЕ на возвратна посета, што било прифатено.
Во рамки на официјалната посета на ОАЕ, министерот Бектеши оствари средби и со повеќе заинтересирани инвеститори, а во рамки на инвестицискиот самит ги претстави можностите за инвестирање во Македонија и економската состојба на земјата.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид