Македонија
10. July 2019 - 17:09

Македонија го формираше тимот за преговори со ЕУ

Владата се подготвува за старт на преговорите со Европската унија. На вчерашната седница е утврдена преговаракчата структрутура која ќе ја водат 7 тела со различни ингеренции. Координативното тело кое ќе ги утврдува државните позиции ќе го предводи премиерот Заев, носител на преговорите ќе биде државна делегација под водство на вицепремиерот Бујар Османи. до крајот на неделата ќе се формираат и 35 работни групи за сите 35 поглавја од преговорите. Османи вели дека место во целиот овој процес ќе има и за опозициската партија.

Османи вели дека не очекува пречки и вето од страна на Грција по смената на власта. Преспанскиот договор е меѓудржавен договор кој има меѓународна гаранција и двете страни се обврзани да го почитуваат. Вицепремиерот за европски прашања е убеден дека земјава ќе добие датум за старт на преговорите во октомври, но признава дека евентуално одложување на преговорите негативно ќе влијае врз евроинтеграциската динамика на земјава.

За да се обезбеди сигурна поддршка за пристапните преговори Османи вели дека во јули и август државни претсетавници ќе остваруваат средби со речиси сите држави-членки на Унијата, од најголемите поддржувачи па се до најголемите скептици за евроинтеграција на Македонија