Македонија дел од програмата за дигитална администрација на ЕУ
Македонија стана дел од Програмата за дигитална администрација ИСА 2 на Европската унија, преку која се поддржуваат активности за развој на ИКТ во јавната администрација, давање електронски услуги и генерално дигитализација во јавниот сектор.
Договорот за пристапување кон програмата го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.
-Едноставно кажано ова е местото каде што се прават планови за развој на информатичкото општество и размена на искуства помеѓу државите членки како и развој на нови стандарди и технологии од областа, а ние ќе можеме да дадеме свој придонес. Оваа програма е наменета за земјите членки на Европската Унија, но направен е исклучок да се дозволи и нашата држава како земја кандидат, да биде активен член, истакна министерот Манчевски во видео обраќање по потпишувањето кое поради препораките за Ковид 19 беше дигитално.
Од економски аспект, како што појасни, придобивките за нас како држава се јасни. Членството кое се плаќа за учество во оваа програма е со помал износ од годишните трошоци кои ги имаме за приклучок кон TESTA-ng мрежата.
По завршувањето на оваа програма, таа ќе се трансформира во уште поголема програма именувана Digital Europe, која ќе се занимава со поголемата слика на дигитализација во Европската Унија. Тука ќе се разгледуваат и носат идните стандарди и насоки за развој на дигиталната агенда. Македонија активно ќе учествува во дефинирањето на идните решенија и стандарди од ова поле кои понатаму и ние ќе ги имплементираме и примениме.
Комесарот Хан, пак, потенцираше дека на овој начин, со пристапување на Македонија кон оваа програма, ние сме веќе дел од Европската Унија. Тој ги поздрави напорите на нашата држава за приклучување кон ИСА2, а како потврда за тоа е отстпката што ЕУ ја прави, овозможувајќи и на Македонија, полноправно членство во оваа програма.
Манчевски и Хан воедно истакнаа дека дигиталното потпишување е уште еден пример за важноста на дигиталната трансформација за непречено одвивање на сите активности и во време на вонредна состојба.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија