За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ за МИА.
Најголем интензитет на сообраќај има на Граничниот премин „Табановце“, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини од АМСМ велат дека се чека по околу еден час.
Од АМСМ нагласуваат дека зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ за МИА.
Најголем интензитет на сообраќај има на Граничниот премин „Табановце“, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини од АМСМ велат дека се чека по околу еден час.
Од АМСМ нагласуваат дека зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок