Свет
13. November 2017 - 22:24

Италијанската полиција запленила над 900.000 фалсификувани банкноти

Италијанската полиција конфискува 939.775 фалсификувани банкноти во апоени од 10, 20 и 50 евра во вкупна вредност од над 28.000 евра. 

Во полициската акција се уапсени 13 лица.

Откриени се три нелегални печатници, од кои едната во Романија. Печатниците биле опремени со неопходни машини и материјали за печатење на фалсификувани банкноти. 

Двајцата осомничени шефови на криминалната група се жители на Неапол со долгогодишно искуство во фалсификувањето. 

Тие се осомничени дека ја организирале работата на печатниците за фалсификуваните банкноти и воспоставувале врски со Италијанци кои живеат во Романија, со цел таму да отворат трета печатница.