-->
-->
Мајнц славеше победа во дуелот со Шалке
-->
Во воведниот меч од 21.коло на германската фудбалска Бундес лига, одигран синоќа, фудбалерите на Мајнц се радуваа на победа од 2:1 во натпреварот против Шалке.
Головите за домашниот тим ги постигнаа, Гаетан Бусман (33-минута) и Јулијан Баумгартлинг (79), додека стрелец на голот за Шалке беше Јунес Белхабда (46).
Денеска на програмата се шест натпревари, а во нив ќе играат: Борусија Дортмунд – Хановер, Дармштат - Баер Леверкузен, Штутгарт – Херта, Вердер – Хофенхајм, Волфсбург – Инголштат и Келн – Ајнтрахт,
Колото ќе биде комплетирано утре со средбите, Хамбургер - Борусија Менхенгладбах и Аугсбург - Баерн Минхен.
Табела: Баерн 53 бодови, Борусија Д. 45, Херта 35, Шалке 34, Баер Л. 32, Борусија М. 32, Мајнц 31 ...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина
-
Славески: Извршната власт има разбирање дека треба да се стремиме кон ниски стапки на инфлација