Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

Шпанскиот фудбалски првак Барселона објави денеска дека враќањето на стадионот „Камп Ноу“ нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено.
Ова е ново одложување на враќањето на Барселона во својот дом, бидејќи по реновирањето, сè уште не се исполнети сите услови за враќање на играчите на „Камп Ноу“.
Барселона официјално не објави нов датум за враќање на својот легендарен стадион, но тоа би можело да се случи во четвртото коло од новата сезона во шпанската Ла Лига кога каталонскиот клуб е домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври.
Во првите три кола од новата сезона Барселона ќе игра на гостински терен против Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано.
Капацитетот на стадионот на самиот почеток на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 седишта, сè додека работите не бидат целосно завршени следното лето, кога капацитетот ќе ги достигне планираните 105.000 седишта.
Вкупната вредност на овој проект за реновирање на „Камп Ноу“ е околу 1,5 милијарда евра.
МИА
Ново на Сител
-

Почина проф. д-р Владо Јаневски
-

Уставниот суд почнува нова ера на транспарентност: Од 4 март седниците во живо пред граѓаните
-

МНРиНТ и амбасадите во Доха и Абу Даби апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош
-

Бројни авиокомпании откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток
-

Иран нападна четири американски воени бази на Блискиот Исток
-

Алиу: Министерството за здравство нема да дозволи ниту еден пациент со ретка болест да чека ниту ден за лекови
-

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати
-

Пентагон ја нарече операцијата во Иран „Епски гнев“
