-->
-->
Луксузни возила за себе и соработниците - Прв приоритет на новиот министер за внатрешни работи
-->
Оливер Спасовски од СДСМ денес стана прв човек на Министерството за внатрешни работи и веднаш ги постави своите приоритети.
Откако влегол во МВР, најважно му било да собере што е можно повеќе луксузни возила за себе и соработниците.
Не му бил доволен блиндираниот мерцедес на кабинетот, па Спасовски си зел Ауди, џип BMW X5 и Пасат.
Во кабинетот веднаш си вдомил и тим од петмина обезбедувачи иако не можел да појасни од кого се почувствувал загрозен кога нема реализирано ниту една оперативна обработка.
За да го овековечи овој момент, Спасовски веднаш повикал професионални фотографи да го сликаат во својот кабинет за на сајтот на министерството.
Под фотографијата е објавена неговата сиромашна биографија.
- Советник на Градоначалникот во Општина Куманово
- Секретар на Општина Куманово
- Пратеник во Собрание на Република Македонија 2011-2014 г. и 2014-2018 г.
Неговото искуство нема никакви допирни точки до безбедноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши