Свет
16. March 2016 - 17:02

Лорд Манделсон: „Брекзит“ е закана за мировниот процес во Северна Ирска

Поранешниот британски министер и еврокомесар, лорд Манделсон изјави дека еветуалното излегување на Велика Британија од ЕУ претставува „закана за мировниот процес во Северна Ирска“.

Манделсон смета дека „Брекзит“ може да предизвика пад на бруто домашниот производ во оваа британска покраина за три отсто и ризик по работните места за околу 50.000 северноирци. Според него, ризикот е уште поголем од потенцијалните нови, остри поделби меѓу локалните протестанти и католици.

Овој лабуристички политичар кој беше министер за Северна Ирска во владата на Тони Блер, предупредува дека „Брекзитот“ одново ќе подигне граница и ќе постави бариера меѓу покраината и Република Ирска, а тоа да ги потпали меѓуверските недооразбирања и поделби и ќе предизвика враќање на времето на насилствата.

Враќањето на границата, ќе значи повторно воведување контрола меѓу северниот и јужниот дел на ирскиот остров, а тоа ќе го засили чувството на сепаратизам, затоа што ќе дојде до физичка, економска, но и до психолошка поделба, што беше успешно надраснато со Спогодбата од Стормонт на Велики Петок во април 1998 година, вели лорд Манделсон.

Според неговите проценки, членството на Велика Британија (а преку неа и на Северна Ирска) и на Република Ирска во ЕУ, претставува фундаментот на кој лежи сегашната стабилизација на ирскиот остров, која за него претставува најзначјаното постигнување во поновата историја.

Северноирската Демократска унионистичка партија (ДУП) најави дека се определила за напуштање на ЕУ, подржувајќи го евроскептичното крило на британските конзервативци, додека републиканата партија на католиците Шин Феин која учествува во поделбарта на власта во покраината, е силен поборник за останување на Велика Британија (и Северна Ирска) во Унијата.

Заменикот прв министер на Северна Ирска, Мартин Мекгинис веќе предупреди дека доколку земјата излезе од ЕУ, тоа ќе доведе до покренување процес за референдум за обединување на покраината о Република Ирска.