-->
-->
Лидерот на британските либерални демократи Тим Фарон поднесе оставка
-->
Лидерот на британската Либерално-демократска партија, Тим Фaрон, денеска поднесе оставка заради незадоволителни резултати на минатонеделните избори во Велика Британија, но и заради своите верски убедувања.
-Да се биде политички лидер и да се живее како посветен христијанин во склад со Библијата за мене беше невозможно, рече тој.
Тој додаде дека бил растргнат меѓу политичкиот и верски живот во контекст на прашањето дали се согласува со позитивниот став на неговата партија за истополните заедници, пренесоа француските медиуми.
Либералдемократите освоија 12 места во новиот британски Парламент што е четири повеќе отколку во 2015 година, но воедно и разочарувачки за некои членови на партијата, кои очекуваа подобри резултати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека