Лица од Бангладеш дошле да работат во Скопје, па му избегале на директорот
Уште еден македонски газда остана без работниците од Бангладеш. Тие избегале, а случајот е пријавен во полиција.
Во Полициската станица Центар, вчера во 10.10 часот, Ѓ.Т.(62) од Скопје пријавил дека двајца вработени во неговата фирма, А.М.Д.(37) и М.М.С.(36), двајцата од Бангладеш, со привремен престој во Скопје, се оддалечиле од местото каде што престојувале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.
Вакви случаи имаше многу. Пред неколку месеци работници од Непал избегаа од државата. Потоа, имаше повеќе слични случаи.
Од македонски фирми избегаа работници од Непал и Багладеш. Пријавени беа бегства во Скопје, Прилеп, Пехчево, Охрид и други градови. Се смета дека тие заминуваат во други држави кои се дел од ЕУ, за да заработат повеќе.
Ново на Сител
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Левица: Семејно насилство да се гони по службена должност
-
Владата се договори со банките
-
Синдикатите не се откажуваат од барањето за минимална плата од 450 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри