Левица: Посетата на гробот на Енвер Хоџа е подавање на рака за соработка помеѓу Левица и младите албански левичари
Целта на посетата на вечното почивалиште на албанскиот комунистички државник е за подавање на рака за соработка помеѓу Левица и младите албански левичари. Тие во овој момент ги потиснува клеро-фашистичката политичка култура на сецесионизам и деструктивност која се наметнува преку партиите на албанското малцинство во Република Македонија.
Енвер Хоџа е симбол на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација - затоа и не е за изненадување реакцијата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како партии кои ги слават крвниците на македонската нација како Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети и се обидуваат да ја избришат жртвата на македонските партизани и нивната борба против фашистичките окупатори.
Левица, како последна кочница пред бугаризација и федерализација на Република Македонија нема да дозволи да се исполнуваат туѓи агенди за повторно поробување на државата под фашистичко влијание преку рехабилитација на нашите историски непријатели како врховистите и балистите.
ЛЕВИЦА
Ново на Сител
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски