Леброн: Имаме проблеми во нападот
Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс не е задоволен од ефикасноста на тимот на последните неколку натпревари.
Лејкерси ноќеска постигнаа 80 поени против Минесота тимбервулфс (80:109).
-Во оваа фаза едноставно не даваме се од себе во офанзива. Веројатно потрошивме премногу време обидувајќи се да ги поправиме нашите недостатоци во одбраната. Сега имаме проблеми во нападот... Ова важи за сите. Немаме многу простор на теренот, момците буквално се налетуваат еден на друг. Треба да го погледнеме видеото и да сфатиме како можеме да се подобриме. Треба да посветиме повеќе време на ефикасноста. Многу работи тргнаа наопаку, воопшто не чувствуваме никаков ритам во последните неколку натпревари, истакна 40-годишниот Џејмс.
Лос Анџелес лејкерс се наоѓаат на 8.место во Западната конференција со 12 победи и девет порази.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот