Македонија
24. December 2018 - 8:50

ЛДП има свој кандидат за претседател – Ангелка Пеева Лауренчиќ

Ангелка Пеева Лауренчиќ, е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат, доколку ЛДП се реши на претседателските избори да настапи самостојно.

Пеева Лауренчиќ во минатото беше претседател на Либерална Унија на Млади. Влезе во политиката со либералите на Стојан Андов, а од 2002 до 2006 година беше пратеник во Собранието од редовите на ЛДП. По пратеничкиот мандат, се повлече од политиката и влезе во бизнис водите. Веќе 15 години е на чело агенцијата за односи со јавноста „Имиџ ПР“.

 

Таа е родена во 1969 година во Штип. Мајка е на две деца.