ЛДП и Беса со заедничка заложба за фер и демократски избори
Заедничка заложба на Либерално-демократската партија (ЛДП) и движењето Беса е да се обезбеди фер и демократски изборен процес на претстојните вонредни парламентарни избори. Тоа е заклучокот усвоен на денешната средба на претседателите на ЛДП и на Беса, Горан Милевски и Биљал Касами, соопшти ЛДП.
Истовремено, двете партии бараат да се овозможи граѓаните слободно да ја изразат својата волја, без никакви притисоци и закани, како пред изборите, така и за време на изборниот ден.
Според соопштението, на средбата на која учествуваа и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ, претседателот на ЛИДЕМ, Стефан Миноски, како и членовите на централното претседателство на Беса, Ермира Асани - Салија и Африм Гаши, се разговарало за актуелната политичка состојба и за спроведувањето на договорот од Пржино. При тоа е заклучено дека опозицијата не смее да учествува на избори кои нема да ги исполнуваат европските стандарди и и е упатен повик до сите партии да дадат максимални напори во исполнувањето на потпишаниот договор.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството ја проширува истрагата за смртта на Фросина
-
Владата ја промовираше развојната национална програма
-
Расте интересот за дуално образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев