Квартален раст на БДП и вработеноста во Еврозоната
Во вториот квартал од годинава бруто домашниот производ во Еврозоната забележа раст од 0,1 отсто во споредба со претходното тримесечје, додека вработеноста регистрира квартално зголемување од 0,2 проценти.
На ниво на цела ЕУ, пак, БДП во периодот април-јуни 2023 година остана непроменет во однос на претходниот квартал, додека стапката на вработеност во истиот период се зголеми за 0,1 отсто, соопшти Европската статистичка служба – Евростат.
Во споредба со истиот лански квартал, БДП во Еврозоната порасна за 0,5 отсто, а вработеноста за 1,6 проценти, додека во цела ЕУ бруто домашниот производ има годишен раст од 0,4 отсто, а вработеноста од 1,5 проценти.
Најголем квартален раст на БДП меѓу членките на ЕУ оствари Литванија од 2,9 отсто, пред Словенија од 1,4 и Грција од 1,3 проценти.
Од друга страна, најголем пад има Полска од 2,2 отсто, пред Шведска од 0,8 и Австрија од 0,7 проценти.
Во текот на вториот квартал од 2023 година, расходите на домаќинствата останале непроменети на квартално ниво и во Еврозоната и во ЕУ, а државната потрошувачка пораснала за 0,2 отсто и во двете зони, откако во првото тримесечје во зоната на еврото се намали за 0,6 проценти, а во Унијата за 0,1 отсто.
Извозот е намален за 0,7 отсто и во двете зони, додека увозот е зголемен за 0,1 проценти во Еврозоната, а опаднал на ниво на ЕУ за 0,2 отсто.
Во првиот квартал од годинава, извозот во Еврозоната остана непроменет на квартално ниво, а увозот се намали за 1,3 проценти, додека во цела ЕУ, извозот имаше раст од 0,1 отсто, а увозот пад од 1,4 проценти.
Според сезонски прилагодени бројки, Евростат проценува дека во вториот квартал на 2023 година во ЕУ вработени биле 216,3 милиони лица, од кои 168,5 милиони биле од земјите на Еврозоната.
Во периодот април-јуни 2023, продуктивноста по вработен во Еврозоната е намалена за 0,9 отсто во однос на истиот лански квартал, а во ЕУ за 0,7 проценти, додека продуктивноста по работни часови бележи годишен пад од 0,9 отсто во зоната на еврото и 0,6 проценти на ниво на целата Унија.
Ново на Сител
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница